Натпреварот меѓу Тетекс и Пелистер заврши со домашна победа, во маратонско долго судиско продолжение. Битолчани веднаш по мечот реагираа за скандалите на теренот и крај него.
Неколку денови подоцна, откако впечатоците слегнаа анализа и реконструкција на целиот натпревар направи спортскиот директор Ванчо Мицевски. Тој откри детали дека на фудбалерите им се заканувале да го загубат натпреварот, зборуваше за нерегуларностите и за лошите услови во Тетово.












