Во Битола викендов по деветти пат ќе биде организиран меморијалниот турнир „Јованчо Димовски-Начко“.
Турнирот го организира Здружението на фудбалери и спортски клубови ЗФСК „Јованчо Димовски-Начко“ од Битола, од каде информираат дека повторно и оваа година нивни гости ќе бидат членови на ФК „Враниќ“ кои доаѓаат од Општина Барајево, Белград, Република Србија.
Овој пат ќе се одиграат две средби во мал фудбал, едната ревијална помеѓу ветераните на ЗФСК „Начко“ и ФК „Враниќ“ и уште една помеѓу сениорските екипи.
Натпреварите ќе се одигруваат в сабота на 10 јуни во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во времето од 16:00 до 19:00 часот.
Фото: Архива












