ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ 35-ОТ РОДЕНДЕН ЌЕ ГО ПРОСЛАВИ ВО БИТОЛА

Свеченото одбележување на роденденот на ВМРО ДПМНЕ ќе се случи утревечер во Битола. Според објавата, прославата на која обраќање ќе има претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски, ќе биде во Хераклеа со почеток од 20:00 часот.

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола велат:

„Од 1990 до денес – 35 години борба, посветеност и љубов кон татковината. ВМРО-ДПМНЕ во Битола отсекогаш било симбол на патриотизам, традиција и народна доверба. Ова не е само роденден, ова е славење на една идеја која живее и ќе живее – идејата за силна, просперитетна и достоинствена Македонија“ стои во објавата.

Роденденскиот слоган е: Идеја што не запира, вредности што носат промени.