ТЕРА

REKLAMA???

ВО ГРАД ВО СИБИР ИЗМЕРЕНИ -50 СТЕПЕНИ

Градот Јакутск во источен Сибир, кој е познат како едно од најстудените места во светот, деновиве е во центарот на вниманието со измерени -50 степени Целзиусови.

Во информацијата на американската телевизија СНН се вели дека јануари е најстудениот месец и, иако се навикнати на ниски температури, жителите во оддалечениот регион преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се загреат.

„Не можете да се борите со тоа“, изјави за Ројтерс еден жител облечен во две марами и повеќе слоеви ракавици, капи и качулки. „Или се прилагодувате и се облекувате соодветно или страдате“.

Но, градот привлече меѓународно внимание во јули кога маглата од блиските шумски пожари ги проби шумите, прекривајќи го регионот со густ чад.

Научниците изразија голема загриженост за зголемената фреквенција на пожарите предизвикани од климатските промени на сибирскиот арктик.