Јавното претпријатие „Водовод“ информираше дека денеска реализираше голем технички зафат, што значи всушност спојување на две прекинати точки на АЗЦ ф350, едната на Булеварот „1 Мај“ кај Рудо Јагне, другата спроти мостот кај зградата на битолскиот Суд.

Овој технички зафат обезбедува континуитет на овој цевковод и двонасочност во водоснабдувањето.

Од претпријатие велат дека посветено се грижат за квалитетно водоснабдување до секој дом и до секоја институција.














