Ракометниот шампион на Македонија Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен. Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион.
26-годишниот Нилсен се враќа во својата татковина. Битолчани му се заблагодарија за периодот минат во клубот.












