Фудбалските репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и тренерот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски од денес на своите патувања ќе ги користат своите дипломатски пасоши, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Со војот придонес во успехот на нашиот национален тим, тие се веќе дипломати кои во најдобро светло ја преставуваат земјата.
Да им посакаме успех и да си посакаме победа и во Порто, со што ќе ја повториме преубавата слика од Палермо“ вели министерот Османи.















