Ракометарите на Еурофарм Пелистер продолжуваат со победи во плеј-офот. Екипата на Жељко Бабиќ го поведи Вардар 1961 среде Скопје со 23-24 (11-12) и го мина првакот на табелата.
Првиот дел мина целосно изедначено, се играше гол за гол, а одбраните делуваа цврсто и непроодно. Во 23. минута Вардар 1961 прв посегна по одлепување и преку Талески и Моралес поведе со 9-7. Сепак, следеше серија на пелистерци, голови на Мараш и 11-12 на крајот од првиот дел.
Вториот дел целосно им припадна на пелистерци. Кизиќ се разбрани, Табоада, Танкоски и Мандалиниќ го полена голот на скопјани Еурофарм Пелистер поведе со +4. Во последните пет минути Вардар 1961 креираше пресврт. Се врати до -1, но во последните секунди Кизиќ го одбрани ударот на Додиќ и пелистерци славеа со 23-24.
Со по шест погодоци најефикасни на натпреварот беа Реиниер Табоада и Тимур Дибиров, додека пет дадоа Стипе Мандалиниќ и Куни Моралес.












