ТЕРА

REKLAMA???

Жители на Бараково: Ова не се обични парцели, oва е лебот

Ова не се обични парцели. Ова е лебот, ова е храната без која не се може. Ваква е реакцијата на жители на демирхисарското село Бараково чии земјоделски површини од кои живеат деновиве беа погодени од поплави.

Водата ги покри нивите. Нивите на кои требаше да никнат и да се ожнеат многу тони пченица, и други култури, се претворени во езеро, велат по излевањето на Река Црна. Ова значи продолжување на штетите, дополнително уништување на посевите и уште поголема неизвесност за земјоделците кои живеат од својот труд. Утре ќе се прашуваме од каде храна и по која цена. А оние што ја произведуваат, повторно ќе останат сами со својата мака, велат тие.