Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над 100 се повредени.

Цел на нападите биле делови од централниот дел на Израел, вклучувајќи го подрачјето околу Тел Авив, каде што во Бат Јам е директно погодена станбена зграда.

По иранскиот ракетен напад врз Израел, вкупно 135 лица беа примени во израелските болници.
Нападите следеа откако израелската војска потврди дека извршила напади врз иранската нуклеарна инфраструктура, додека иранското Министерство за нафта соопшти дека е погодено складиште за нафта Шахран во Техеран.












