Во текот на денешниот ден поради изведба на обемен технички зафат, привремено беше прекинато водоснабдувањето на дел од мрежата во градот.

Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека се изврши монтажа на фазонски делови и водомер Ф400 на челична цевка, со поставување на нова мерна опрема.

Со оваа интервенција, како што велат од „Водовод“ се овозможува подобро и континуирано следење на протокот на вода, поефикасно управување со водоводниот систем, поголема стабилност и сигурност во снабдувањето.

„Овој стратешки зафат е дел од нашите заложби за унапредување на мрежата и подобрување на услугите“ велат од битолски „Водовод“.
Фото: ЈП „Водовод“ Битола












