ТЕРА

REKLAMA???

ИЗРАЕЛСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ЌЕ СЕ ИГРА НА НЕУТРАЛЕН ТЕРЕН

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) забрани фудбал на територијата на Израел се додека трае воениот конфликт меѓу Израел и Палестина.

Сите натпревари под капата на УЕФА нема да може да се играат, па Израелците ќе мора да бараат неутрални терени. Истото важи и за репрезентациите и за клубовите.

Макаби Хаифа игра во Европа Лигата, додека Макаби Тел Авив е во Конференциската лига оваа сезона.

Дуелот межу Макаби Хаифа и Виљареал е поместен од 26 октомври на 6 декември, додека Макаби Тел Авив ќе игра со Зорија на 25 ноември наместо на 26 октомври.