За бележењето на велосипедските патеки вчера се огласија и од јавното претпријатие „Паркинзи“ Битола.
„Вработените во одделението за хоризонтална и вертикална сигнализација на ЈППЈЛП БИТОЛА во две смени интензивно работат на нанесувањето на хоризонталната сигнализација на новите вело патеки, а притоа секојдневно се соочуваат со најразлични проблеми или предизвици. Денес екипите од Општина Битола констатираа определени забелешки при изведувањето на дел од сигнализацијата на улица Васко Карангелевски.
Во врска со истите ја известуваме јавноста дека вработените најсовесно и најодговорно ги извршуваат зададените работни обврски, а доколку со своето постапување или несоодветно постапување предизвикале забуна или несакани последици се извинуваме што сме довеле до такво чувство кај поеднинци.
ЈППЈЛП и понатаму ќе остане максимално посветено на подобрувањето на квалитетот во урбаните проблеми и вложувањето во подобри услови за сите граѓани“ стои во соопштението на „Паркинзи“













