Пелистер неочекувано се враќа само со еден бод од Виница, по ремито со домашната екипа Слога. Пелистер дојде до рано водство со 0-1, со голот на Борче Маневски во 24 минута. Домашната екипа дојде до израмнување и до еден бод во 84. минута кога Михаил Воинов го постави конечниот резултат 1-1.
Ремито е кикс поради загубените два бода уште повеќе поради тоа што екипата на Вардар е поразена со 2-1, а победија Гостивар и Воска, директните конкуренти на Пелистер за пласман во Првата лига.
По ова 23. коло нов лидер во Втората лига е екипата на Воска Спорт која има 56 бода, пред Вардар со 55 бода. Гостивар се наоѓа на третото место со 54 бода. Пелистер е четврти со 47 бода.












