Екипата на Пелистер со пораз ја започна новата сезона во Првата машка кошаркарска лига. На натпреварот одигран попладнево пред својата публика, гостиварци беа подобри од Пелистер (75-68). Првиот период им припадна на гостите од Битола (18-16), а во вториот подобри беа домаќините (25-17). На стартот на вториот дел Гостивар направи серија и дојде до првата двоцифрена предност +11 (48-37).
Таквата предност домаќинот ја имаше и на стартот на последната четвртина, по што Пелистер направи серија и се врати во игра (65-61).
Сепак. Немаа сили битолчани докрај да направат комплетен пресврт, па Гостивар се израдува на победата со конечни 75-68.
Во победничката екипа најдобар погрешен Митевски кој оствари дабл-дабл до 16 поени и 11 скокови. Најефикасен на натпреварот, воедно и кај Пелистер беше Мслинко кој постигна 18 поени.












