ТЕРА

REKLAMA???

МЕРИ АКИЕВСКА ТРЕТПАТ СВЕТСКИ ПРВАК ВО БОДИ-БИЛДИНГ

Со четири титули и златни медали, Мери Акиевска се враќа како апсолутен победник од Санта Сузана, Шпанија, каде учествуваше на 75-тото светско првенство во бодибилдинг и фитнес.

22-годишната Мери Акиевска од Крива Паланка учествуваше на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес што се одржа во периодот од 3-8 ноември во Санта Сузана, Шпанија.

Нејзиниот тренер Бобан Ѓороски на Инстаграм сподели повеќе објави за успесите на Мери, во кои напомена дека на натпреварот учествувале 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи.

„Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 cm висина кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајќи ги шампионите од другите висински категории“, рече Ѓороски.