ТЕРА

REKLAMA???

МИКО ГОЛУБОВИЌ НОВ ТРЕНЕР НА МЕГА БАСКЕТ ОД ПРИЛЕП

Кошаркарскиот второлигаш Мега баскет денес го официјализираше името на новиот тренер, Србинот Мико Голубовиќ. кој долго време живее во Битола ќе ги предводи прилепчани во вториот дел на сезоната. Голубовиќ ома ФИБА лиценца и богато играчко интернационално искуство во повеќе клубови на позицијата центар.

Младиот тренер веќе почна со тренинзи во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. Очекувањата во прилепскиот клуб се големи, за пласман што повисоко од опасната зона. Според пропозициите двете последнопласирани екипи испаѓаат во Третата лига, а есента Мега баскет ја заврши на десеттото место со три победи и осум порази.

Досегашниот млад тренер Миле Станимировиќ останува во стручниот штаб, со можност да се врати како играч, штом ја залечи повредата.