Битолскиот тим Систем 4 победи на натпреварот “Средношколец милионер”.
Тимот Stay BE со нивната бизнис-идеја „Систем 4“ ја освои главната награда од 1.000.000 денари на првото издание на „Средношколец Милионер“, најголемиот и најамбициозен натпревар за средношколски бизнис-идеи во Македонија во организација на Бреинстер.
Покрај главната награда, победниците добија и понуда од инвеститори за дополнителна инвестиција од 6.000 евра, како и вредносни ваучери за Brainster NEXT и НУ Академијата за талентирани средношколци.
Тимот Stay BE – Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски, средношколци од три битолски училишта, ја освоија титулата „Средношколец Милионер“ со идеја која таргетира глобален пазар и нуди AI решенија за хотели и ресторани низ светот. Системот автоматски идентификува потенцијални клиенти, испраќа персонализирани пораки и во некои случаи дури и бесплатна демо-верзија за да се зголеми довербата.
Честитки од ТВ Тера!
Иван, Јован и Марио само напред!












