ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ ЗА ВЛЕЗОТ НА БИТОЛА И АВТОПАТОТ ДО БИТОЛА

Пред една година во ова време започнаа градежните активности кои, беше најавено, ќе ја сврстат Битола во општините во кои уште од сообраќајниот влез ќе се знае дека е град. Увидот покажа разочарувања.

Според проектот, градската магистрална улица треба да биде со попречен профил составен од два коловози секој со по две сообраќајни ленти со широчина од 7 м, разделно зеленило меѓу нив  со широчина од 2.5 метри како и обострани тротоари со велосипедски патеки и зелен појас – дрворед со широчина од по 5.5 метри.  Работите се одвиваат во континуитет вели градоначалникот Коњановски.

Влезот во Битола е дел од поголемите проекти за патна инфраструктура што се реализираат во моментов во државата – 4 автопатишта коишто се градат во вкупна должина од 150 километри, Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола и еден експресен пат Прилеп-Градско, делницата Фариш-Дреново. Надминати се физичките препреки на експресниот пат Градско-Прилеп, односно делот Дреново-Фариш, а тоа подразбира дека работите на  трасата од Прилеп кон Битола многу брзо ќе се забрзаат.

Мицкоски потсети и дека  во општините со проектите од првиот и од вториот повик, ќе имаме нови 1200 градилишта. Тој ја направи и споредбата со , како што рече „летаргијата којашто изминативе години функционираше по принципот крадење наместо градење.  „Мислам дека се чувствува разликата и поместувањето во позитивна насока.”- порача денеска Мицкоски од Битола.