Ставањето вон сила Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик според премирот Христијан Мицкоски не го нарушува изборниот процес за локалните избори, а Државната изборна комисија има законска обврска да донесе ново. Какво ќе биде тоа, рече, зависи од самата Комисија.
Одговарајќи на новинарско прашање што по ставањето во сила на Упатството и дали може да се очекува донесување комплетно нов изборен законик истакна дека тој е завршен и оти неколку месеци е заглавен во македонското Собрание поради нереално барање на една политичка партија.
Повтори дека тој е усогласен од страна на политичките партии во Парламентот и веќе неколку месеци стои таму.
„Сега во овој случај одлуката е кај ДИК. Таа има механизам и членовите може да го донесат во својот правилник. Ќе си донесат нов правилник, рече Мицкоски.
Прашан дали тоа би значело оти независните кандидати повторно ќе треба да собираат потписи за учество на изборите, премиерот истакна дека тоа прашање како би изгледал новиот правилник треба да се постави на ДИК.
„Тие, бидејќи го ставија стариот вон сила, согласно законските надлежности носат нов, така што ништо не е доведено под знак прашање“, истакна премиерот Мицкоски.












