ТЕРА

REKLAMA???

НЕОБИЧНИ БОЖИЌНИ ТРАДИЦИИ НИЗ СВЕТОТ

Постојат неколку познати божикни традиции кои се практикуваат насекаде во светот и со нив се одбележува овој голем христијански празник: украсување на божиќната елка, печење празнични колачиња и отварање на подароците, во поновите времиња, традицијата е збогатена и со гледање на божиќни филмови. 

Но, има и навистина специфични начини на кои Божиќ се слави низ светот и истите може да ве изненадат.

 Откако ќе дознаете што се случува во други земји, можеби ќе сакате да воведете некои од овие традиции во вашиот дом,  а некои, можеби ќе сакате да ги избегнете! Замислете да се разбудите и да најдете смрзнати компири оставени во вашите чевли од некој пакосен Дедо Мраз или пак да играте хокеј на отворено? Верувале или не, тоа се реални божиќни традиции во светот.

Од славење Божиќ на плажа со свежа риба во Нов Зеланд, до јадење топла каша која ги загрева семејствата во студената зима на Финска, ќе откриете колку различни се овие глобални празнични традиции. 

ИСЛАНД – Слично на 12-те дена на Божиќ во САД, Исланд го слави Божиќ во текот на 13 дена. Секој ден пред Божиќ, исландските деца ги посетуваат 13-те Јулски Ладови. Откако ќе ги стават чевлите покрај прозорецот, малечките се упатуваат во кревет. Наутро, тие ќе добијат или бонбони (ако биле добри) или ќе бидат поздравени со чевли полни со смрзнати компири ако биле лоши.

НОВ ЗЕЛАНД – Бидејќи Божиќ се паѓа во лето, за Киви (жителите на Нов Зеланд), многу од нивните традиции се фокусирани на организирање пикник во природа и приготвување скара. Семејствата и пријателите се собираат за опуштено дружење, печење свежа риба, месо и сезонски зеленчук. Божиќната елка на Нов Зеланд е Похутукава, прибрежна врста која цвета со светло црвена боја во декември, обезбедувајќи сенка за време на сончевите денови, додека се пеат божиќни песни на англиски и маорски јазик. 

ИРСКА- Ирците оставаат висока црвена свеќа во предниот прозорец преку ноќта, како симбол на топлина и засолниште за празничниот период. Традиционалната божиќна трпеза во Ирска често вклучува домашно печена гуска, зеленчук, брусница и компири.

ПОЛСКА -На Бадник во Полска, многу семејства споделуваат оплатек (вафел), при што секој човек откинува парче и си посакува Среќен Божиќ. Вечерата не започнува додека не се појави првата ѕвезда на ноќното небо и, традиционално, се остава дополнително место на масата ако се појави некој неочекуван гостин.

БРАЗИЛ И ПОРТУГАЛИЈА – Бразилските и португалските семејства се собираат на Бадник за да јадат вечераат заедно, најдоцна до 10 часот навечер. Тогаш, точно на полноќ, тие разменуваат подароци, се поздравуваат со здравици и си посакуваат Среќен Божиќ. Полноќната миса, Missa Do Galo, е можност за среќавање со соседи и челнови од пошироката фамилија за да им се посакаат најдобри желби за празничниот период. Службата често се следи со огномет на градскиот плоштад.

АВСТРИЈА – Алпските земји, како што е Австрија, имаат легенда за ѕвер сличен на ѓаволот наречен Крампус, кој се придружува  на Свети Никола на 6 декември. Децата се прашуваат за список на нивните добри и лоши дела: добрите деца добиваат слатки, јаболка и ореви, додека лошите деца се грижат што Крампус би можел да донесе на Божиќното утро.

УКРАИНА – Православните христијани сочинуваат скоро 49 проценти од популацијата на Украина; тие го слават Божиќ на 7 јануари, облечени во традиционални носии, шетајќи низ градот и пеејќи божиќни песни. Јадењето наречено „кутија“, направено од варена пченица помешана со мед, мелен мак и ореви, е популарна празнична посластица на Бадник. Некои семејства фрлаат лажица од „кутијата“ на таванот: ако се залепи, тоа значи дека новата година ќе донесе добра жетва.

МЕКСИКО – Насекаде низ Мексико, членови на Црквата изведуваат Пасторели (Пастирски претстави) за да ја раскажат божиќната приказна. Мексиканската божиќна сезона започнува рано во декември со Лас Посадас, религиозна поворка која го претставува патувањето на Марија и Јосиф. Живописни црвени цвеќиња се користат во празнични аранжмани за декорација низ целата земја.

ЕЛ САЛВАДОР – Централноамериканските земји, како што е Ел Салвадор, го прославуваат Божиќ со огномет на 24-ти и 25-ти декември. Децата слават со помали петарди наречени вулканцитос (мали вулкани) и естрелитас (мали ѕвезди), додека постарите деца и возрасните претпочитаат поголеми видови петарди и Римски свеќи. 

ЈУЖНА КОРЕА – Во Јужна Кореја Божиќ се слави повеќе како романтичен празник отколку како религиозен. Многу парови разменуваат подароци и излегуваат на романтични вечери, слично како Денот на вљубените на Запад.

ГРЦИЈА – Во Грција, Божиќ е поврзан со пакосни духови наречени “Каликантзарои”. Се верува дека овие суштества излегуваат од подземниот свет за време на божиќната сезона за да предизвикаат проблеми. Грците веруваат дека ќе се одбранат од овие духови со одржување на оган во огништата цела ноќ и чадење со темјан низ домовите.

ФИНСКА- На божиќното утро, финските семејства традиционално јадат каша направена од ориз и млеко, на која се додава канела или путер. Оној кој ќе го најде бадемот поставен во една од чиниите – “победува”, но некои семејства ја заобиколуваат традицијата и ставаат бадеми во неколку чинии за да не ги разочараат децата. На крајот од денот, обично е вообичаено да се загреат заедно во сауна.

ЕТИОПИЈА – Етиопија го слави Божиќ на 7 јануари, според православниот христијански календар. Празникот, познат како „Гена“, се одбележува со црковни служби, гозби и играње на традиционална игра слична на хокеј на отворено.

Фото: countryliving.com