Денес со ждрепка беа одредени и двојките за осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Актуелниот освојувач на трофејот, Македонија ЃП во оваа фаза за противник го доби Вардар, а Пелистер ќе го пречека Тиквеш.
Осминафинале:
Вардар – Македонија ЃП
Брегалница – Јанг Тим
Работнички – Шкендија
Силекс – Башкими
Пелистер – Тиквеш
Брера Струмица – Гостивар
Шкупи – Охрид
Воска Спорт – Струга ТЛ
Ќе се игра само еден меч на 25 октомври, по што победниците одат во четвртфиналето.












