Од Центарот за управување со кризи информираат дека вчера имаше вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, а изгаснати се 18 пожари.
Од активните е и тој во Општина Прилеп, односно кај селото Бешиште (приземен во квалитетна мешана шума), додека кракот кај селото Градешница, во Општина Новаци е под контрола.
Другиот активен пожар е во Општина Валандово кај селата Грчиште – село Марвинци и Општина Богданци во селот Паљурци – село Богданци (ниска вегетација и грмушки).
Фото: Илустрација












