Oва е ресенската депонија во Златари. Таму комуналното претпријатие „Пролетер“ го одлага комуналниот отпад собран од домаќинставата и правните субјекти.

Во 2022 година вкупен цврст комунален отпад собрале 4965 тони, во 2023 година 5944 тони, а во 2024 година 6166 тони.

„Во нашата депонија во Златари, комплетно целиот отпад што го собираме од физички и правни лица го депонираме на таа депонија во моментот. Собираме отпад од Ресен, односно од цела Преспа, значи на територија на цела Преспа, сега да речам некаде околу 90 проценти од теритоијата на Преспа, меѓутоа со овој проект ЕУ за Преспа во тој дел добиваме две нови возила за собирање на отпад и со тоа комплетно 100 проценти ќе ја покриеме цела територија на Преспа и онаму каде никогаш не се собирало отпад и во најмалите селски средини“ вели Марчел Русу, директор на ЈКП „Пролетер“-Ресен.

За првиот човек на Ресен нема алтернатива на регионалните депонии.

„Иако мислам дека нашата депонија е една од поуредените во Македонија, сепак е неконвенционална депонија од оној стариот модел што го знаеме, за разлика од ова што го зборуваме за регионална депонија, според мене е еден од најголемите национални проект“ вели Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен.

Но, она што е важно, односно што ќе биде како парарален процес е едукацијата, навиката на граѓаните да секелтираат отпад.
„И кантите исто од ЕУ за Преспа кои што се наменети за селекција на отпадот, на пластиката и на хартијата, планираме да влеземе во една поопсежна фаза, ќе почнеме од градот Ресен, а потоа ќе се рашириме во другите населени места“ вели директорот на „Пролетер“.

Селекцијата на отпадот, пак ќе ја намали и количината на отпад која би се депонирала во идната регионалната депонија.
„Со нови возила, со компостирање на отпад, со селекција на отпад, за нашиот конвенционален отпад стигне што помалку во регионалната депонија која според мене, што го потврдивме и Советот на Општина Ресен сите одлуки ги потврди и сметам дека е еден од најголемите проекти, еден од најзначајните и проект што е од витално значење за нашиот регион“ вели градоначалникот на Ресен.

И Ресен ќе добијат обиколница по која ќе се транспортира отпадот.
„Веќе се договоривме, Ресен ќе добие обиколница, нема да поминува низ градот, но и носењето на отпадот како што ви кажав, јас мислам дека тука имаме некои или дезинформации или недостаток на информации, дури и да сакаме во таква форма да го одлагаме отпадот во регионалната депонија ние не можеме. Ние не можеме да си го дозволиме, цената на чинење на отпадот ако го одлагаме како сега е превисока. Ниту една општина не ќе може да си го дозволи. Затоа секоја општина поединечно ќе мора да започне со примарна селекција на отпад и ова функционира во цел модерен свет. Бевме во Србија во Чајетина, тоа е прекрасно значи, а е во национален парк сместено и е уредено, дури и не може да се забележи дека зборуваме за депонија, што би требало да биде пресликано и во новачката“ вели градоначалникот Тозиевски.

И двајцата кажуваат дека ги разбираат реакциите на јавноста, но велат кое и да е решението, ќе биде подобро од тоа што е денеска во „Мегленци“.
„Кое и да е решение, од ова сигурно ќе е подобро, од сегашното, затоа што сега во овој момент се создаваат премногу диви депонии и во моментот нема решение за тоа. Меѓутоа со самото носење на регионалната депонија, со селектирањето, со едукација на населението дека примарната селекција е неопходна за понатамошниот чекор се надевам се ќе биде во ред, а потребно е време за луѓето да го сватат“ вели Русу.
Депонијата не може да се класифицира како санитарна, бидејќи не ги исполнува техничките и санитарните услови, ниту се управува според ЕУ стандардите.
Дополнително, постојат околу 38 мали и средни диви депонии според регистарот на Еко Герила Преспа, кои претставуваат ризик за загадување на почвата, површинските и подземните води, како и воздухот.
Со овој прилог, Тера ја поддржува кампањата за управување со отпад „Преспа? Разбуди се за чиста средина”, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии.













