ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОВИРАНИ МЕРКИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО БИТОЛА

Нашата држава не е полоша од Германија или Швајцарија, само треба добро да си ја организираме. Вака дебатираше заменикот министер за економија Марјан Ристевски, промовирајќи ги најновните политики за економија и труд, мерките кои овозможуваат отворање сопствен бизнис и здружување на бизниси и тоа најпрвин за генерацијата граѓани до 29 години.

Со овој оперативен план ќе бидат опфатени вкупно 16.500 млади луѓе, се состои од два типа мерки, опфатени се сите категории невработени, иако акцентот се става на генерацијата со возраст до 29 години, лицата со попреченост и ромската популација. Низ проценти тоа подразбира дека мерките се наменети 40% за млади, 5% за ромската популација. Конкурсот е објавен на 9 овој месец, а крајот на претходната недела имше преку 2,5 илјади пријави за самовработување на млади со три подмерки.

Според информациите на Светска банка за иселување на население од Македонија за лани, државата е во првите 10 земји по број на иселување на млади без разлика на нивната образовна структура. Низ проценти, тоа е повеќе од 40. Оттука, мерките што ги објави владата и тие што ги планира преку министерството за економија и труд се добредојдени за градоначалниците.

Претставниците на трите најважни институции во државата кога се работи за вработување ја овозможија деталната промоција која се случи и во Битола.

Мерките се реализација на определбата за подигнување на капацитетот на држаата за т.н инклузивен пазар на труд и е реална политика што се спроведува сега. Оперативниот план е наменет и за потребите на работодавачите и сите кои се категоризирани како ранливи и маргинализирани.

 

Не е доволно да се имаат пари за бизнис идеите, треба да се има и знаење за бизнисот во државава, а мерките вклучуваат одреден квантум на обука што ги реализира и агенцијата за вработување и агенцијата за поттикнување на претриемништвото. На располагање се повеќе од 300 советници – ментори.

Рамката на политиките за вработување на Македонија е дефинирана со Програмта на Владата, Ревидираната програма за реформи во вработувањето  и социјалната политика, Глобалниот пакт за работни места на Меѓународната организација на трудот, Планот гаранција за млади 2023-2026, Законот за социјална заштита.