македонската женска ракометна репрезентација ја очекува баражот за Украина преку кој можеме повторно да бидеме дел од едно големо натпреварување, а тоа Светскиот шампионат што ќе се одржи кон крајот на годинава.
“Најтешки натпревари за секоја селекција се баражите и квалификациите за настап на големите натпреварувања. Посебно кога се играат два натпревари како што сега е случај. Репрезентацијата на Украина е една од попосакуваните противници, но тоа е селекција која во минатото покажуваше резултати за почит, но во последниве години не се присутни на големата сцена. Сепак тоа е селекција која мора да ја почитуваме, во последните квалификации за малку не направија изненадување против Хрватска. Не очекува противник што знае што сака, кој е доволно искусен да стигне до поволен резултат”, изјави селекторот Савевски.
Нашите ракометарки првиот натпревар го играат на домашен терен. Избраничките на селекторот сигурно дека на овој дуел во Скопје мора да победат и да обезбедат предност пред реваншот на неутрален терен во Унгарија.
„Со моето искуство не може да се каже дали тоа што прво играме дома е предност или хендикеп. Во модерниот ракомет веќе тоа не значи дека можете полесно да ја завршите работата. Ние се подготвуваме за 120 минути добра игра и во ниту еден момент не помислуваме дали играме дома или во гости. Мора на највисоко ниво да ги одиграме двата натпревари”, заврши Савевски.












