Одбојкарскиот клуб Пелистер волеј се пофали со аквизицијата на Теона Славкова која доаѓа од редовите на скопски Вардар.
Битолчани во Славкова гледаат идеално засилување за продолжението на сезоната во своето исполнување на амбициите. Станува збор за одбојкарка која има и меѓународно искусттво играјќи за ББСК Истанбул и Рота Колеји во Турција, како и скопските СВСК, Работнички и Вардар.
21-годишната Славкова ќе парафира договор до крајот на сезоната, а со соиграчките и останатите во клубот ќе се запознае следната седмица.













