ТЕРА

REKLAMA???

ТРОЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД ВМРО ДПМНЕ ОД БИТОЛА ВО ИДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА

Во идниот состав на Собранието на Македонија, од петтата изборна едници, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ќе има десет пратеници.

Од Битола место во идното републичко Собрание обезбедија кандидатите за пратеници Пеце Милевски, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска.

Синоќа во отворената програма на Тера телевизија посветена на изборниот ден, кандидатот за пратеник Пеце Милевски им се заблагодари на битолчани за дадената доверба.

„Значи народот, уште еднаш благодарност, искажа голема доверба и поддршка и за кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова и официјално прогласуваме победа во Битола со сооднос 3:1 од досега обработените податоци. Во однос парламенатрните избори, затоа што тоа со себе си носи Донтов модел и пресметка на поинаква математичка операција од 83 проценти обработени подтоци во моментов ВМРО ДПМНЕ преку 20 илјади или некаде сите заедно не се колку ВМРО ДПМНЕ.

Би сакал уште еднаш да ја изразам благодарноста затоа што граѓаните на Македонија, граѓаните на Битола се одважија силно како и секогаш како предвесник на демократијата, силно и храбро, спротивставувајќи се на ДУИ и одредени политички субјекти кои се обидоа да ги бојкотираат изборите, но како и секогаш ќе повторам, битолчани и македонскиот народ кои што ја почитуваат демократијата се спротивставија на криминалните структури во ДУИ, излегоа гласаа и покажаа дека демократијата победува, дека Македонија сакаат да биде повторно нивна, надежта победи, промените се случуваат и Македонија повторно е моја, твоја, наша, Македонија е повторно на сите нас“ рече Милевски.

Потоа следуваше прослава пред зградата на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во центарот на Битола и колони возила со развиорени знамиња и песни низ улиците на градот.