КК Пелистер – Феникс 2010 93-74
Во последниот натпревар од саботната програма на 20 коло, кошаркарите на Пелистер стигнаа до убедлив триумф против Феникс 2010, кој на две кола пред крајот на регуларниот дел им ја носи втората стартна позиција пред почетокот на плеј-офот.
Пелистер, кој на овој натпревар го немаше бековскиот тандем Стајиќ-Караџовски, стигна до 16. триумф во 20. одиграни натпревари, Феникс 2010 сега има скор (11-9), ист каков што има и Еуро Никел 2005, и се „спушти“ место подолу на табелата.












