Професорот Младен Караџовски и студентот Игор Пејчиновски се победниците од третиот по ред тениски турнир што го организира Универзитетот св. Климент Охридски. Учесници: администрација, професори, студенти. Ги предводи ректорот.

Марјан Љамчевски, виш соработник за спорт и култура на УКЛО ги објасна техничките податоци за овој турнир.
И оваа година нема да има дуел на пример најдобриот од студентите против најдобриот од професорите. Но, затоа има тенисери кои на турнирот гледаат како дел од својата професионална определба. Душица Ристова тенисот го гледа како своја иднина. Па дојде во Битола само за овој турнир, по полагање на испитите од Педагошкиот факултет.


Другите се тука за забава, претставување на својот род, промоција на спортот кој е важен кога си студент или професор кој постојано е над книгата со мисли за науката ( на пример).


УКЛО минатата година го промовираше Спортскиот универзитетски сојуз, формиран за обединување и репрезентирање на спортско рекреативни активности, не само на студентите и вработените на УКЛО, туку и пошироко во заедницата, на локално, национално и меѓународно ниво. Соосновачи се Ракометниот клуб Феникс АМС, Агенцијата за спортски консалтинг, Танцовиот спортски клуб Степ Ап и Тенискиот клуб Чакулески, сите од Битола.

За очекувањата на учесниците – преку врската што ве води до YouTube.












