За утре е закажана вонредна седница на Советот на општина Битола со една точка на дневниот ред, а тоа е Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2025 година.
Предлогот за свикување вонредна седница е на градоначалникот на Битола, Коњановски.
Според образоложението од доставените материјали се врши проширување на средствата во буџетот на општината, односно се зголемуваат приходите за 4,930,195 денари и истите се распределуават на расходната потставка капитални расходи за основно образование за реконструкција на други објакти.
Станива збор за грант од јапонската амбасада, кој ќе биде искористен за реконструкција на кровот на ОУ „Св.Климент Охридски“ во Битола.
Бидејќи е вонредна седница, деловнички не постои можност за дополнување на дневниот ред, односно советниците нема да ја имаат можноста за евентуален предизборен фолклор, во време кога за една од партиите се знае со кој кандидат ќе ги трча изборите за градоначалник, другата пак само со најава дека следната недела ќе имаат објавување на дел од листата.
Дали откако ВМРО ДПМНЕ го соопшти името на Коњановски, СДСМ во првиот бран на соопштувања на кандидатите, ќе ја стави и Битола, а со тоа да се затвори во јавноста темата кој се е во игра.












