ТЕРА

REKLAMA???

ФИЛИПЧЕ: СЕДУМ МЕРКИ ЗА СПАС НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА ГРАЃАНИТЕ

Во време кога животниот стандард на граѓаните е загрозен поради погрешните економски политики на Владата, СДСМ како одговорна опозиција подготви и ќе предложи сеопфатна економска стратегија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот брифинг со претставниците на медиумите.

Претседателот Филипче најави седум мерки, на коишто работи пратеничката група на СДСМ, и за кои се формализираат предлозите за мерките каде што треба да се интервенира со закон.

„Тоа се мерки коишто значајно ќе го олеснат животот на граѓаните, едноставно полесно ќе се справуваат со ценовните шокови. Првата мерка е намалување на ДДВ на електрична енергија од 18% на 5%. Тоа е намалување од најмалку 13% на сметките за струја. Односно за сметка од 3000 денари, намалувањето ќе биде околу 400 денари. Сметам дека е нешто што е значително олеснување за граѓаните. Потоа, намалување на ДДВ за основните прехранбени производи. Оваа мерка, во комбинација со дополнителните политики за замрзнување на маржите и цените, може да резултира со намалување на цените на овие производи дури и до 30%. Замрзнување на цените на основните прехранбени производи за следните три месеци. Ние ваква мерка пред околу две и пол години веќе имплементиравме, кога се замрзна цената на лебот на одреден период. Предлагаме и намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили. Семејствата и малите бизниси кои зависат од транспортот, со ова директно добиваат намалување на трошоците. Фискален ефект ќе изнесува меѓу 9 и 11 милиони евра годишно пари назад кај граѓаните“, рече Филипче.

Во насока на подобрување на животниот стандард, СДСМ како што рече Филипче предлага мерка за зголемување на платите во приватниот сектор.

Предлагаме зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите. Во следниот период во приватниот сектор со цел да има зголемување на платите треба на компаниите да им се олесни системот и да не плаќаат дополнителна одредена сума за придонеси, значи да остане замрзната на онаа плата којашто е сега, а сето останато зголемување кое може да биде од 3.000 до 15.000 денари да оди директно кај работниците, при тоа работодавачите да не плаќаат придонеси на таа дополнителна сума на средства“ рече Филипче.