16 лица привела полицијата за пустошење на шуми во прилепско, соопшти денеска портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова. Од слобода се лишени 9 лица на возраст од 24 до 58 години, сите од Прилеп, како и 7 малолетни лица. Пронајдени и одземени се шест патнички моторни возила, натоварени со дрва.

„На 26.05.2022 на повеќе локации во место викано Борула, прилепско е спроведена координирана акција по Оперативна акција “Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминслистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, СВР Велес како и со подршка и помош на ЈП Национални шуми и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми . Пронајдени и одземени се шест патнички моторни возила, натоварени со дрва.Одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни,кои се предадени на шумо чуварската служба при ЈП” Национални шуми”, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
Таа информираше дека по документирање на службениот материјал против лицата ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 “Пустошење на шуми” од КЗ на РСМ.












