Во текот на изминатата вечер (14/15.10.2022)во периодот од 21.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 17 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 31 останати прекршоци, информираат од СВР Битола.
Од СВР Битола велат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.
Во територијата на СВР Битола спаѓаат градовите Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево.












