ТЕРА

REKLAMA???

19 ГОДИНИ БОЖИКЕН РУЧЕК НА ДЕТСКАТА АМБАСАДА ЗА СИТЕ ДЕЦА ВО СВЕТОТ

По 19-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, 400 деца ќе се дружат на свечен Божикен ручек во Прилеп, ќе го слават Христовото раѓање.

И оваа година гости ќе бидат традиционално деца од целата територија на нашата држава на заедничка трпеза ќе го прослават Божик, денот на Христовото раѓање и на таа заедничка трпеза ќе седнат деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Битола, Куманово, Крушево, Струмица и од другите градови и општини ширум државава.

Како и секоја година нивнаат порака е во рамките на мотото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помуѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество. Бидејќи децата се нашата иднина.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се:  еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата.

„Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божикна трпеза заедно се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат“ велат организаторите.

Божикниот Ручек традиционално го благословува владиката Петар, а на сите деца ќе им се доделат пакетчина од градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.

Како до сега, така и оваа година за збогатување на свеченоста ќе се погрижат од танц студио „Зодијак“ од Прилеп, а оваа година забавниот дел ќе го збогатат и малите ангелчиња Димитар Иваноски од Прилеп и Јована Ристановска од Битола.

Како и секоја година еден од медиумските покровители на овој настан е и Тера Телевизија.