ТЕРА

REKLAMA???

20 ПАТНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ВО ПРИЛЕП

Утринава, околу 6 часот во населбата Точила се случил судир на два автобуси.  Повредени се околу 20 патници кои веднаш биле се упатени на лекарски преглед во Градската болница во Прилеп, јави Радио Пела.

„Се прават испитувања во неколку одделенија во болницата.  Според првични информации станува збор за полесни телесни повреди и најверојатно никој нема да биде задржан на понатамошно лекување“, рече за Радио Пела Кети Смилеска, директор на прилепската Болница.

До судирот дошло околу 6 часот изутрината. Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работници. Прилепското Основно јавно обвинителство и полицијата направиле увид на местото на сообраќајната незгода.

Од јавното обвинителство соопштија дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршија увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода меѓу 2 автобуса.Според првичните сознанија, во едниот автобус освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди.

Дежурниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање, како и за прибирање на траги од лице место, по што ќе биде издадена наредба за нивно вештачење. Исто така, издадена е наредба да се извршат разговори со сите патници со цел да се утврдат причините за несреќата.​