Според информацијата од Управата за хидротеоролошки работи од попладнево, до 16 часот нависока снежна покривка од 64 см има на Попова Шапка, 50 Маврови Анови, 30 Штип, 26 Тетово, 24 Крушево(во 13ч), 23 Берово, 22 Демир Капија, 20 Битола, 17 Охрид, 16 Прилеп, 13 Струмица, 12 Крива Паланка, 8 Скопје-Петровец.
Времето денеска беше облачно и студено со врнежи од снег. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, кој во Штип достигнуваше брзина до 40км/ч.
До крајот на денот облачно време со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Поради ниските температури и северниот ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Времето утре претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени.











