Новогодишните празнувања се за многумина највеселото прославување во годината и без разлика дали се соочувале со тешки предизвици или моменти на радост, (сите) многумина уживаат во пребројувањето на последните денови од годината.

Новогодишното време е време на радост – празникот означува крај на една календарска година , а радоста е во фактот што започнува ново „време“.
И , секако , пред да започне новата година, мудрите прават мала анализа за доживувањата што ги имале, што напрвиле а што требало да направат. Деновиве на градскиот пазар од неколкумина сограѓани побаравме одговор – по што ќе ја паметат истрошената 2023 година?

Некои лошата година ја препишуваат на начинот на кој избраните власти управуваат со животите на граѓаните.
Власта, велат историчарите на југословенската држава, е виновникот што на новогодишната ноќ и се дава големото значење во „Западен Балкан “.

Политичка одлука на комунистичките лидери било големо празнување со неколку неработни денови, за надминување на етничката и верска различност во државата со различните зимски верски празнувања за Божик. Но, паметат и едно подобро време.
Добра или лоша, годината неминовно ќе помине. А анализите водат до очекувања. Освен од власта, добрите времиња се очекуваат и од младите.
Со благодарност на нашите сограѓани кои се одзваа на оваа анкета, зеднички потсетуваме дека најважно сепак е да ја дочекаме и живееме во новата година.











