ТЕРА

REKLAMA???

22 САНКЦИИ ЗА ВОЗЕЊЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
МВР соопшти дека при контролата санкционирани се 22 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 25 други видови прекршоци.
Денеска во периодот од 08.00 до 14.00 на територијата на град Битола била спроведена локална акциска контрола за брзина при што санкционирани се 24 возачи кои ја надминале дозволената брзина.
Од полицијата велат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.
Во рамките на СВР Битола се градовите: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.