Најмалку 26 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Украина, во северозападниот округ Ровенска.
Во несреќата, како што јавуваат медиумите, учествувале комбе, автобус и цистерна. По судирот избувнал и пожар.
Само 12 од 38 патници во автобусот преживеаја.
Ова е најтешката сообраќајна несреќа што се случила на патиштата во Украина во изминатата деценија.















