ТЕРА

REKLAMA???

3Д ЛАПАРОСКОПСКИ ОПЕРАЦИИ ВО ГИНЕКОЛОГИЈАТА ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Од болницата „Плодност“ информираат дека продолжуваат со воведување на најновите технологии во нивната болница. Изминатите денови набавија 3Д лапароскопска опрема од две големи свестки компании, „Storz“ и „Wolf“.

„Поради зголемениот интерес на пациентите за микроинвазивната лапароскопска хирургија, сите лапароскопски операции ќе ги правиме со 3Д технологија во две сали, со што го зголемивме и оперативниот капацитет во болницата.

3Д технологијата е развиена на база на 2Д технологијата, но е многу попрецизна. Со примена на 3Д технологијата, се скратува времето на операцијата и попрецизно е сечењето на ткивните структури и крвните садови. Преку дуал камерата и дигиталната обработка на сликата се добиваат визуелни ефекти на операцијата, поради кои мора да се носат посебни 3Д наочари, со кои може да се почувствува бенефитот на 3Д технологијата.

Неверојатно е чувството да се работи со ваква опрема. Операциите ги завршуваме многу побрзо и многу попрецизно, со минимален ризик од грешка. Многу ми е драго што и овој пат сме први во Македонија во донесувањето новини во лапароскопската микроинвазивна хирургија“ вели д-р Христијан Трпчевски, експерт за лапароскопски операции во гинекологијата.