ТЕРА

REKLAMA???

30 ФОТОГРАФИИ ДЕЛ ОД ИЗЛОЖБАТА„ МОНОДИОПТРИЈА“ ПРЕТСТАВЕНИ ВО БИТОЛА

Во Центарот за култура – Битола беше отворена изложбата „Монодиоптрија“, како дел од Интернационалниот фестивал на монодрама.

„ Ако за театарот велат дека е уметност на мигот, јас истото го мислам и за фотографијата. Фотографиите на Диоген Хаџи Коста Милевски точно така ги уловиле најдобрите актерски мигови во изминатите 5 години на Фестивалот на монодрама.“, истакна Маја Андоновска – Илијевски, директор на Центарот за култура – Битола.

Монодиоптрија“ е замислена како визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година. Изложбата се состои од 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актерите во монодрамите одиграни на сцените на фестовалот во изминатите години.

„Монодиоптрија е природен раст на проектот „Фестивалска диоптрија“. Уште при подготовката на изложбата „Фестивалска диоптрија“ сфатив дека е Фестивалот на монодрама е вистинско богатство кое што сите ние го имаме. Оваа изложба е резултат на тимската работа на исклучителна група на професионалци, кои секој во својот домен е дел од сложувалката наречена Интернационален фестивал на монодрама и сите тие се потпишани на задната страна на секоја од 30-те фотографии“, истакна авторот Диоген Хаџи Коста Милевски. На изложбата присуствуваше градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Љубителите на фотографијата ќе можат да ја погледнат оваа „Монодиоптрија“ до 31 мај. Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура, а партнери на проектот се НУ Центарот за култура и здружението Центар за европски развој и интеграција од Битола.