ТЕРА

REKLAMA???

350 МЕСТА ЗА НОВИ СТУДЕНТИ НА ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БИТОЛА

Во далечната 1961 година е формирана Вишата техничка школа со машински и електротехнички отсек, во 1972 година е формиран до денес единствен отсек за сообраќај и танспорт, во 1977 година Вишата техничка станува Технички Факултет. Извесен период се реализираат и студии по земјоделско-прехранвено машинство и студии по железнички и воздушен сообраќај, а во 1992 година се воведуваат студиите по графичко инженерство. Во 1996 година започнуваат со работа студиите по Индустриски менаџмент кои до 2018 година стануваат Отсек за индустриско инженерство и менаџмент. Ова е развојниот пат на Техничкиот факултет со свои алумни буквално низ целиот свет – од Африка, преку земјите од Источна Европа кои се вброени во листата на врвни машински и електро инженери во државата.

Годинава Технички факулет повторно е меѓу универзитетскате единици со најголем број отворени места за упис во прва година – очекуваат 350 нови студенти.

На четиригодишните академски студии по Машинство, годинава има вкупно 50 отворени места и тоа 35 за редовни студенти во државна квота, 5 за редовни студенти со платена школарина и 10 места за вонредни студенти.

И студиите по Индустриско инженерство и менаџмент се организирани во 8 семестри, а годинава има 40 отворени места за редовни студени во државна квота, 5 за редовни студенти со платена школарина и 10 места за вонредни студенти.

Четиригодишните или студиите во 8 семести по Сообраќајно-транспортно инженерство се подготвени за вкупно 55 нови студенти. 40 во државна квота, 5 редовни студенти со платена школарина и 10 вонредни студенти.

И четиригодишните студии по Графичко инженерство и дизајн се отворени за нови 55 бруцоши – 40 места се отворени за редовни студенти во државна квота, 5 редовни студенти со платена школарина и 10 вонредни студенти.

Студиската програма Електроенергетски системи и обновливи извори на енергија е четиригодишна програма за која годинава има 45 отворени места за редовни студенти во државна квота и 10 вонредни студенти, или, вкупно 55 студенти.

Мехатроника е студиска програма организиран аов 8 семестри и годинава има отворени места за 25 редовни студенти во државна квота, 5 места за редовни со платена школарина и 10 вонредни студенти.

Четиригодишната програма Инженерство за заштита на животната и работната средина е отворена за 25 редовни студенти во државна квота, 5 редовни студенти со платена школарина и 10 вонредни студенти.

Технички факултет – Битола е реномиран факултет кој и просторно и технички е организиран во 10 лаборатории и 6 компјутерски училници, за секој секогаш да може да истражува. Европскиот иновативен, радар за иновациите што произлегуваат од истражувачки проекти финансирани преку програмите на ЕУ има вброено еден од проектите кои се реализирани на Технички.  И, ова е само еден пример – показател дека се спроведуваат бројни научни, развојни и стручни истражувања на овој факултет во кои се вклучени студентите, а од особено значење е фактот што се реализираат и посебни програми кои се од стратешки интерес за државата.

Факултетот системски развива национално и меѓународно препозната совршеност во образованието и истражувањето во областа на машинството, електротехниката, сообраќајот и транспортот, графичкото инженерство, индустрискиот менаџмент и мехатрониката со имплементирање на најсовремените техничкотехнолошки достигнувања и примената на информатиката.