Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (18.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола санкционирани се 71 возачи, меѓу кои 16 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 22 мерки за непрописно паркирање, 31 санкција за прекршоци што ги прават пешаците.
Од СВР Битола велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.












