ТЕРА

REKLAMA???

Банкрот блуз бенд го промовираа спотот за Починка

Како што им ветија на нивните фанови, легендарните – Банкрот блуз бенд ( Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе) го промовираа спотот за песната Починка. Имено реномираните музичари  после 30 години, се собраа повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески, и во негова чест направија обработка на неговата песна. 

Аранжманот го направи Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски – Тралала студио. Мелодијата е за првпат изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, а ја отпеа познатата хрватска пејачка Зденка Ковачичек. Музиката ја напиша Љупчо Константинов на текст на Блаже Конески.

“Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна!”велат познатите музичари. По заедничкиот концерт по 20 години пауза, што се случи во септември 2020 година во Куршумли ан, во рамките на скопскиот „Блуз и соул фестивал“, тие на радост на голем број нивни обожаватели и музички сладокусци, повторно се активни. Зад нив се веќе неколку настапи низ Македонија, првиот беше во Кичево, следуваа Битола, Охрид, Струмица. 

Неда Маретиќ