ТЕРА

REKLAMA???

Општина Битола тонe во долгови, а троши огромни средства за плати и надоместоци

Општина Битола тонe во долгови од над 186 милиони денари, а паралелно троши огромни средства за плати и надоместоци. Според интернет порталот grado.live, за плата на градоначалникот Тони Коњановски годишно се трошат 1,3 милиони денари, за паушалите на советниците околу 10,6 милиони денари, а за администрацијата во општината годишно се одлеваат 310 милиони денари.
Во врвот на општината, платите се следни:
• Градоначалникот Тони Коњановски зема околу 106.000 денари месечно (~1.724 €)
• Заменик градоначалничката Марина Крстиќ околу 95.000 денари (~1.551 €)
• Секретарот на општината, Борче Димитровски околу 65.000 денари (~1.057 €)
• Претседателот на Советот, Бојан Бојкоски добива надоместок од околу 37.000 денари месечно (~596 €)
За споредба, минималната плата во Македонија е околу 26.000 денари, а голем дел од граѓаните преживуваат со 20–30 илјади денари месечно. Разликата е очигледна. Товарот го носат граѓаните, а сметката ја плаќа иднината на градот.