Со вкупно 631 глас од публиката и жирито Украина победи на 66-то издание на Евровизија во Торино, Италија.
„Стефанија“ на Калуш Оркестра освои убедливо најмногу гласови од телевоутинг. Според гласовите на жирито најмногу гласови имаа британците, но по соопштувањето на гласовите на публиката, претставниците на Украина станаа победници на годинашната Евровизија.
На конечната листа на гласови на второ место Велика Британија со 466, а на трето место Шпанија со 459.
На четврто место Шведска со 438, а на петто место Србија со 312 гласа.




















