ТЕРА

REKLAMA???

МЕМОРИЈА ГО ЗАТВОРА БИТ ФЕСТ

Со концерт на групата „Меморија“, во сабота со почеток од 19.30 часот на Ракометното игралиште, официјално ќе биде затворено 14 издание на битолското културно лето БИТ ФЕСТ. Затворањето на фестивалот беше предвидено за 31 август, но поради лошите временски услови, последниот настан од културното лето оваа година е одложен за 3 септември. Како предгрупа на Меморија ќе бидат дечките од групата 2BE.

Членовите на групата често се присетуваат на настапите во Битола посебно еден од нив во 1994 та година во клубот “Партизан“.

„ Сега во Битола ќе свириме на голема бина и се надевам дека сите заедно ќе пееме и играме“, велат членовите на групата.

Претходно тие настапија во „Борис Трајковски“ во Скопје, кога групата на македонската публика и го приреди досега најголемиот концертен спектакл во последниве години, ако не и воошто, што една македонска група го направила. Концертот го започнаа со  култната „Македонија“како најава за една одлична рок ен рол журка.

Во Битола пубиката ќе има можност заедно со Меморија да се потсети на „Зошто Боже“, „Возови“, „Дирлада“, „( песната која Ристо Самарџиев ја напишал во раните деведесети), „Нена“, „Одам засекогаш“, „ “, „Нашите слики“, „ “, „Снежо-Снежана“ и химната на сите генерации – „Оган под ѕвездите“.

Во изминатите два и пол месеци, многубројната публика на Бит фест имаше можност да проследи голем број концерти на класична, поп, рок, џез музика, театарски претстави, ликовни изложби, уметнички перформанси, фестивали и други настани низ кои се промовираше културното наследство, традицијата и народниот мелос.

За време на сите фестивалски денови, Битола ја посетија уметници и културни работници од Македонија, но и од голем број други земји, меѓу кои: Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција, Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија, Полска, Црна Гора, Албанија, Франција…

Битола ова лето, благодарение на богатата културна понуда, одбележа голема посетеност, за што дополнителна потврда се импресиите на публиката, која изведувачите ги наградуваше со силни аплаузи.

Во функција на културните случувања за првпат годинава беа ставени и Офицерскиот дом и Киното Манаки, раководени од Културно информативниот центар, како партнер на општина Битола во реализацијата на програмата на БИТ ФЕСТ.