Фудбалерите на Пелистер после неочекуваниот пораз во Струмица, му се вратија на победите.На домашен терен, на стадионот „Петар Милошевски“ го совладаа тимот на Караорман со конечни 2-0.
По убаво, сончево време екипата на Пелистер излезе на терен мотивирано да ги зграпчи сите три бода со цел да остани во трката за ПМФЛ.
Пелистер тргна офанзивно, и уште во првиот дел го реши победникот на овој натпревар. Младиот Стојановски Христијан стрелаше за 1-0 во 22. минута. Битолчани не застанаа после овој гол, па затоа во 39 минута стигна и наградата за тоа, овој пат од голгетерот на Пелистер, Бојан Спиркоски за конечни 2-0 и победа на Пелистер.
Воглавно целиот натпревар беше во знакот на нитолчани, го имаа поседот на топката, ги имаа шансите, и заслужено дојдоа до трите бодови .
Следниот натпревар, екипата на ФК Пелистер го игра на гостински терен против екипата на Тетекс од Тетово в сабота попладне.












