ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ГО ЗАГУБИ ВТОРИОТ ДУЕЛ СО ФЕНИКС 2010, ЌЕ РЕШАВА МАЈСТОРКАТА ВО БИТОЛА

Екипите на Пелистер и Феникс 2010 ќе мора да одиграат и трет натпревар во кој ќе одлучат која од нив ќе игра во полуфиналето на плеј-офот. Вечерва на мечот во СЦ „Јане Сандански“, составот на Феникс 2010 приреди изненадување, го победи вториот носител во доигрувањето за шампионската титула со 82-80.

Најдобар кај Феникс беше Хот со 20 постигнати поени и уште десет скока, пред капитенот Митревски со 15 постигнати поени, додека Петков и Димчевски имаа по 13 поени. Кај Пелистер, Стајиќ заврши со 24 поени и осум асистенции, пред Маслинко со 20 поени, а Карутерс реализира 17 поени.

Последниот натпревар од серијата се игра во Битола.